Вештерките на Пипо Инѕаги не сакаат реприза – И понудија на ѕвездата на Наполи да игра за нив

Филипо Инѕаги маестрално го предводеше Беневенто до првото место во Серија Б, популарните Вештерки на 7 кола до крајот на шампионатот веќе беа прволигаши и сега не сакаат да им се повтори историската сезона 2017/18.

Тогаш за првпат играа во Серија А, но веднаш испаднаа како последнопласирани со само 21 бод. Тогаш беа неподготвени за големиот предизвик, но сега се поискусни и со поголеми амбиции, да се зацврстат во италијанската елита со подолг престој.

Раководството на клубот најави сериозен проект, а веднаш испратија понуда до ѕвездата на Наполи Хосе Калјехон да игра за нив следната сезона.

Калјехон се збогува со Наполи, иако прифати бесплатно да ја доигра оваа сезона, а иако има 33 години за него се уште се интересираат сериозни клубови.

Сега и Беневенто се вклучи во трката за играчот што кариерата ја почна во Реал Мадрид, а играше и за кралскиот клуб, но и за Еспањол и Наполи.

Калјехон се уште може да игра на врвно ниво, тоа го знае и Филипо Инѕаги, а ќе има помош во обидот да се ангажира Шпанецот од уште еден поранешен играч на Наполи.

За Беневенто веќе две сезони игра дефанзивецот Кристијан Маџо, кој долго играше заедно со Калјехон, односно од 2013 до 2018 година.

 

- Оглас -

Најнови вести