33.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Веспрем лесно го победи Пелистер во Битола

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер доживеа уште еден пораз во Лигата на шампионите. Во Битола славеше големиот фаворит Веспрем, кој успеа да го совлада Пелистер со 23-30.

Унгарскиот тим на полувремето оствари предност од пет гола (12-17) и беше јасно дека на крајот ќе оствари рутински триумф.

Звонко Шундовски се врати на клупата на Пелистер по разделбата со Бранко Ангеловски, но неговиот тим немаше сили за да направи сензација против Веспрем.

Лука Циндриќ со осум гола беше најефикасен во победничкиот тим, а Деска и Фабрегас постигнаа по шест погодоци.

Филип Кузмановски постигна седум гола за Пелистер, Урош Борзаш беше стрелец на четири гола, а Никола Митревски имаше 14 одбрани.

- Оглас -

Најнови вести