Вест хем – Ватфорд (21ч)
Вест хем и Ватфорд го играат последниот меч од 36-тото коло во Премиер лигата, во кој реми ќе им одговара на двете екипи во обидот да го задржат прволигашкиот статус. Иако во последните пет меѓусебни дуели редовно имало победник, нерешен резултат вечерва ќе ги доведе Чеканите и Стршните на чекор од опстанок, со оглед на тоа дека би имале по четири бода предност во однос на 18-топласираниот Борнмут.
Просекот е два погодоци во дуелите на овие две екипи во изминатава деценија, па големи се шансите на вечерашната средба да се видат затресени мрежи на двете страни.
Предлог тип: 1X & ГГ (2.45)
Рајо Валјекано – Лас Палмас (21ч)
Екипата на Столе Димитриевски сè уште има шанси да обезбеди место во разигрувањата за пласман во Ла Лига, но во последните две кола Рајо ќе мора да оствари исто толку победи и воедно да чека кикс на екипите кои се пред него.
Вечерва на Рајо му гостува екипа по мерка, која двапати ја победи во Ла Лига во сезоната 2015/16, додека на последниот меѓусебен дуел ремизираа при конечни 1-1. Лас Палмас се нема радувано на гостински триумф против Рајо уште од 2004 година, така што мали им се шансите вечерва да изненадат.
Предлог тип: 1 (1.65)
Хадерсфилд – ВБА (18.30ч)
ВБА има свои надежи дека може од првото место да влезе во Премиер лигата, но прво треба да мисли на тоа да се задржи на вицешампионската позиција. На Хадерсфилд му е важно да опстане во Шампионат лигата, не би било добро за клубот да претрпи две испаѓања едноподруго откако лани ја напуштија елитата.
Првиот овосезонски дуел на овие две екипи заврши со голеада и триумф од 4-2 за ВБА, а тимот кој сега го предводи Славен Билиќ памети три победи на последните пет гостувања на „Кирклис“ стадионот.
Предлог тип: X2 & 2-4 (1.81)
Кротоне – Салернитана (21ч)
Кротоне е блиску да му се придружи на Беневенто како втора екипа која од следната сезона ќе игра во Серија А, но за тоа вечерва ќе треба да триумфира против Салернитана. Кротоне е втора најефикасна екипа според бројот на победи на домашен терен, додека Салернитана има 11 порази во 17 гостувања сезонава, па може лесно да се предвиди исходот од вечерашната средба ако се следат статистиките.
Салернитана само еднаш во 21 век се има радувано на триумф во домот на Кротоне, што уште повеќе навестува дека вечерва домаќините ќе забележат позитивен резултат.
Предлог тип: 1 & T12+ (2.25)
Славен Белупо – Интер Запрешиќ (20ч)
Славен нема потреба да стравува за опстанок, додека Интер веќе си ја знае судбината, па затоа овој меч ќе се игра растоварено. Сепак, тоа не значи дека дуелот нема да биде интересен за обложување, сосема напротив. Овие две екипи редовно ги полнат мрежите во меѓусебни дуели, исклучок нема да се случи ниту вечерва.
Белупо во 17 меча на домашен терен постигнува најмалку еден гол, додека Интер на исто толку меча на гости има примено 34 гола.
Предлог тип: 3+ (1.70)