Вест хем ќе урне клупски рекорд за голгетер на Порто

Вест хем минатиот летен преоден рок потроши околу 100 милиони евра за засилувања, но не може да се каже дека сите ги оправдаа средствата бидејќи Чеканите ја завршија сезоната во Премиер лигата на 10-тото место. Со олкава сума потрошена за трансфер, нормално дека и очекувањата се повисоки, а со Мануел Пелегрини на чело, Вест хем планира следната сезона да застане на едно од местата кои водат во Лигата на Европа.

Токму затоа тие одново ќе го одврзуваат ќесето, а како што е најавено од Португалија, Вест хем го договорил трансферот на Муса Марега, голгетерот на Порто. За неговите услуги предвидени се 35 милиони фунти (40 милиони евра), поточно колку што изнесува клаузулата на Марега.

Репрезентативецот на Мали зад себе остави одлична сезона, во која постигна 21 погодок и 11 асистенции во сите натпреварувања, а голгетерските способности особено ги покажа во групната фаза од Лигата на шампионите, како и во нокаут-фазата против Рома.

Воедно, тој ќе биде рекордно засилување на Вест хем, надминувајќи го трансферот на Фелипе Андерсон од Лацио, кој лани се пресели во Лондон за сума од 34 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести