Вест хем не дозволи нова балканска сензација, Динамо без Адеми и Ристовски, појак од Астана

ТСЦ од Бачка Топола, чиј член е Мартин Мирчевски, на почетокот на второто полувреме поведе со 1-0 на гостувањето кај Вест хем, но немаше сили за чудо и на крајот англискиот тим победи со 3-1 во меч од Лигата на Европа. Мирчевски влезе во 92-рата минута и не можеше ништо да смени.

Од другите мечеви од ЛЕ, вреди да се спомне ремито 3-3 на Ајакс и Марсеј, додека во другиот меч од нивната група, Брајтон прилично неочекувано загуби дома од атинскиот АЕК со 2-3. Ренџерс со 1-0 го совлада Бетис.

Во Конференциската лига немаше ниту една гостинска победа вечерва на дуелите кои почнаа во 21, а Динамо Загреб без Адеми и Ристовски со 5-1 ја прегази Астана, која летоска ја победуваше и во квалификациите за ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести