Вест хем оствари важна победа над Барнли, совладувајќи го со 3-2 еден од директните ривали за опстанок во Премиер лигата. Сега Чеканите од Лондон имаат десет бода и побегнаа од дното.
Флеминг го доведе Барнли во водство, но израмни Вилсон во 41-та минута. Томас Соучек и Кајл Вокер-Питерс се погрижија за пресврт, а Кулен го постави конечниот епилог, 3-2 за Вест хем.
Евертон го победи Фулам со 2-0. Идриса Геје и Мајкл Кин беа стрелци на головите за домаќинот.

