Вестбрук „олеснет“ за 25.000 долари за заканите кон навивачот на Јута

НБА го казни Расел Вестбрук со 25.000 долари поради конфронтација со навивачот на Јута, кој расистички го навредуваше во мечот што се одигра пред два дена меѓу Оклахома и Јута.

Вестбрук му се закани на навивачот дека ќе го претепа бидејќи овој го навреди за бојата на кожата, а подоцна се дозна дека го навредувал и семејството на ѕвездата на Оклахома.

„Никогаш не сум се соочил со вакви неволји. Имам чисто досие за сите 11 години откако играм во НБА. Прифаќам секаква критика, не паѓам на нивно ниво, но овојпат морав да вратам. Секогаш кога играме во Јута слушам навреди на моја сметка, не можев повеќе да трпам и да слушам како го навредуваат моето семејство“, истакна Вестбрук.

 

- Оглас -

Најнови вести