Вестбрук не трпи расистички навреди: Ќе те скршам, и тебе и жена ти! (видео)

Расел Вестбрук со неговата Оклахома ноќеска гостуваше во Јута, каде што оствари победа над „џезерите“ со 98:89. Ѕвездата на тандерси беше ефикасен со 23 поени и 11 скока, но по она што му се случи во текот на мечот, го натера да заборави на самиот натпревар.

Имено, фан на Јута кој седеше во непосредна близина до клупата на гостинската екипа, наводно испратил расистички навреди до Вестбрук порачувајќи му да клекне на колена, како што го правел тоа порано. Вестбрук ја сфати оваа порака како навреда за неговата боја на кожата, па без „влакна на јазикот“ му возрати: „Ќе те скршам од ќотек, и тебе и твојата сопруга! Ти ветувам во сé што ми е мило, ќе те скршам!“, повтори неколку пати кошаркарот на Оклахома.

По мечот, Вестбрук им се изјасни на медиумите за оваа немила сцена, посочи дека никогаш не би повредил жена, но морал да се спротистави на таквите навреди. Од друга страна, управата на Јута истакна дека ќе го истражува овој случај и многу веројатно ќе го санкционира фанот кој очигледно и во 21-ви век има проблем со луѓе од друга раса.

- Оглас -

Најнови вести