Лео Вестерман во следните две години ќе го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче откако денеска се официјализираше ангажманот на Французинот. Плејмејкерот им се придружи на сонародниците Нандо де Коло и Жофри Ловерњ во Истанбул, а тренерот Обрадовиќ доби квалитетно засилување на креаторската позиција.
Вестерман минатата сезона беше во тимот на Жалгирис Каунас, каде што бележеше просек од 6,8 поени и 3,1 асистенции по натпревар сметајќи ги само средбите во Евролигата. Претходно ги бранеше боите на ЦСКА Москва, Лимож и Партизан.
https://twitter.com/FBBasketbol/status/1149571799450968065?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1149571799450968065&ref_url=http%3A%2F%2Fmozzartsport.com%2Fkosarka%2Fvesti%2Fzvanicno-vesterman-potpisao-za-fener%2F332278