Ветрот прави хаос во Инсбрук и ги одложи ски-скоковите за утре

Иако за денеска беше најавено дека ќе има ски-скокови во Инсбрук во рамките на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, сепак поради лошите временски услови, тие се преместени за утре.

Ветрот прави голем хаос на оваа скокалница и по две одложувања, организаторот беше принуден целиот овој спектакл да го одложи за утре.

Сето тоа значи дека ќе има нарушување бидејќи за утре беа најавени квалификациите за последната скокалница во Бишофшофен, но тие нема да се одржат, туку директно ќе се оди на финалните скокови кои се закажани за задутре, со што ќе се стави крај на овогодишното издание на една од најпрестижните зимски дисциплини.

- Оглас -

Најнови вести