Ветувачки старт на ерата на Тен Хаг во Јунајтед, убедливо потопен ривалот (видео)

Манчестер јунајтед тргна со убедлива победа од 4-0 над ривалот Ливерпул во претсезонските подготовки. Ерата на новиот тренер Ерик Тен Хаг почна на најдобар можен начин, според прикажаното од неговите избраници новата сезона може да биде ветувачка за Ѓаволите.

Во 33 минути игра Јунајтед трипати ја тресеше мрежата на Алисон, а сè почна од Џејсдон Санчо.

На точно половина час, Фред изведе мајсторија со лоб надвор од шестнаесетникот за овации на стадионот во Бангкок.

Марсијал само три минути подоцна исто така со одличен погодок зголеми на 3-0, а конечниот резултат го постави талентираниот Пелистри во 76-тата минута.

Без разлика што се работи за контролен натпревар, Јунајтед ја избори најголемата победа против Ливепрул во изминативе 19 години. Последен пат со 4-0 славеа во 2003 година.

- Оглас -

Најнови вести