Мајсторски лоб на Фред, Јунајтед го гази Ливерпул во „пријателското“ дерби (видео)

Манчестер јунајтед за половина час трипати ја тресеше мрежата на Алисон Бекер, за убедливи 3-0 против ривалот Ливерпул на контролниот меч кој се игра во Бангкок.

Црвените ѓаволи без Роналдо, но со новиот тренер Ерик тен Хаг, во неговото деби на клупата делуваат одлично. Играат висок пресинг и засега ги оневозможија Црвените на Клоп да ја играат својата претпознатлива игра.

Инаку, Санчо ја отвори средбата во 13-тата минута, мајсторијата на Фред беше на точно 30 минути игра, а веќе во следниот напад и Марсијал се запиша во листата стрелци.

- Оглас -

Најнови вести