Ви фалеше зимска фудбалска идила? Во Полска имаше и драма и голови на снег (Видео)

Лехија Гдањск го победи Горњик Забже со 2:1 во заостанатиот меч од второто коло во полското првенство, а се играше во зимски амбиент со снег на терен.

Мечот беше драматичен и со голот на Лукас Зволински во 96. минута домаќините направија комплетен пресврт ги освоија бодовите.

Lechia Gdańsk [2]-1 Górnik Zabrze – Łukasz Zwoliński 90+6′ (Polish Ekstraklasa) from soccer

Претходно, Марио Малоча израмни за Лехија на 1:1 во 84. минута, откако гостите поведоа во 45. минута со голот на Емил Бергстром.

Полјаците со овој меч го прекинаа натпреварувањето, популарната Екстракласа, поради настапот на Мундијалот што ќе почне утре.

Полска е во група со Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија во првата фаза од шампионатот во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести