Ви треба доказ дека Аргентинците се луди: Навивач виси на обелиск висок 71,5 метри додека ги чека Меси и фудбалерите (Видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина вчера по трет пат стана светски шампион откако во финалето беше подобра од Франција по подобро изведување пенали.

Со триумфот, Лионел Меси ја комплетира колекцијата на трофеи и го зацементира статусот на еден од најдобрите фудбалери во историјата, рамо до рамо со сонародникот Диего Марадона и Бразилецот Пеле, и предизвика невидена еуфорија во Аргентина.

Милиони Аргентинци го следеа финалето на плоштадите во татковината и ја прославија третата шампионска титула и навестија што ги очекува фудбалерите по нивното пристигнување во татковината заедно со Златната божица.

Иако слетувањето на аеродромот во Буенос Аирес е закажано за 4 часот по полноќ, милиони Аргентинци ги окупираа улиците на главниот град дури 12 часа порано.
Од видеата и фотографиите што се појавија на социјалните мрежи може да се види дека игла нема каде да падне, а лудите Аргентинци не бираат начини и места од каде ќе ги поздрават Лионел Меси и останатите фудбалери.

Дефинитивно најлуда снимка е таа од Плоштадот на Републиката во Буенос Аирес, односно од обелискот кој е изграден 1936 година и е висок 71,5 метри. Камерите уловија навивач кој висеше на обелискот во очекување на пристигнувањето на новите светски шампиони.

https://twitter.com/i/status/1604657244242448384

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести