Видал поради тепачка ќе плати казна од 800.000 евра!

Артуро Видал пред почетокот на сезонава направи трансфер и од Баерн Минхен се пресели во Барселона. Иако очекуваше дека ќе има место во стартниот тим на каталонскиот гигант, чилеанскиот репрезентативец почесто е на клупата за резерви, отколку на теренот.

Покрај тоа што не му оди како што сака на фудбалскиот терен, за Видал стигна уште една лоша вест која не е поврзана со неговата работа. Играчот за врска е казнет со неверојатни 800.000 евра, бидејќи бил дел од тепачка која минатата година се случила во една дискотека во Минхен.

Иако поминало повеќе од една година од инцидентот, судот не заборави да ги казни учесниците. Видал настрада најмногу, а казна од 18.000 евра ќе мора да плати и неговиот полубрат Сандрињо, кој исто така учествувал во тепачката. Барселона викендов ја очекува дерби за лидерското место во Примера дивисон против Севилја, но видал сигурно повеќе ќе се фокусира на тоа веќе да не прави такви испади во дискотеките, бидејќи многу скапо ги плаќа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести