Видал се пофали со 12 титули за 15 години, а Пике го праша: Кога ќе освоиш Лига на шампиони? (Фото)

Чилеанецот Артуро Видал е вистински магнет за освојување трофеи во националните шампионати, за 15 години професионална кариера, има 12 шампионски трофеи од првенствата во коишто играл. Најпрвин освојуваше титули дома со Коло Коло, па во Италија со Јувентус, па со Баерн во Германија, стана првак и на Шпанија со Барселона, а откако минатата сезона остана со празни раце, сега повторно освои титула, и тоа во Италија со Интер, прекинувајќи ја доминацијата на Јуве.

Видал се пофали на „Инстаграм“ дека има 12 титули за 15 сезони, а интересен коментар доби од ѕвездата на Барселона, Жерарт Пике. Пике го провоцираше својот пријател со коментар: „Ќе освојуваш кога играш против слаби противници. Кога ќе освоиш Лига на шампиони?“.

Се разбира, Видал не остана без одговор: „Почитуван експерту, следната сезона во ЛШ е моја“.

Видал во кариерата никогаш не освоил Лига на шампиони, а има само едно финале, она во 2015 година, кога со Јуве загуби од Барса. Пике има четири европски титули, една со Манчестер јунајтед и три со Барселона.

- Оглас -

Најнови вести