Видал си ќути, си игра, и си реди титули

Ако некој знае да одбере клуб каде ќе реди успеси, тоа е Артуро Видал. Чилеанецот вчера ја освои осмата последователна титула во својата кариера, откако Барселона дојде до 26-от шампионски пехар на Шпанија.

Серијата на Видал започна од сезоната 2011/12, кога за првпат стана шампион на Италија со Јувентус, а Скудетото го освојуваше и во наредните три сезони. Во летото 2015 година следуваше трансфер во Баерн Минхен, а Видал продолжи да се кити со одличја и три пати по ред ја освојуваше Бундеслигата.

Во дебитанската сезона во дресот на Барселона, Видал стана првак на Шпанија и додаде уште еден пехар во низата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести