Видал: ВАР го воведоа за Реал Мадрид да престане да „краде“

Некогашниот фудбалер на Барселона, Јувентус и Баерн Минхен, Артуро Видал изнесе тешки обвиненија на сметка на Реал Мадрид. Видал беше гостин на едно поткаст шоу, каде што потенцираше дека ВАР-системот е воведен за да може да се спречи наводната судиска помош во корист на шпанскиот гигант.

Видал, кој е познат по својот борбен стил на игра, отворено зборуваше за тоа дека Реал Мадрид добивал судиска помош кога играл против 15-кратниот европски првак.

„Да, се чувствував дека сме украдени од Реал Мадрид. Во мечевите кога играв за Баерн Минхен во четвртфиналето и полуфиналето, кога нѐ елиминираа“, вели Видал.

Искусниот играч за врска е дел од тимот на Коло-Коло во првенството на Чиле, а толку жестоко негодува кога се работи за судиската помош што наводно ја добивал Реал Мадрид што потенцира дека ВАР-системот е воведен да се сопре помошта на судиите на Реал Мадрид.

„ВАР-системот е воведен поради Реал Мадрид. Пред него едноставно имаше премногу крадење. Затоа го измислија ВАР-системот, да нема веќе крадење“, вели Видал.

Во сезоната 2016/17 Баерн Минхен дури по продолженија загуби од Реал Мадрид и беше елиминиран во меч на кој Видал доби црвен картон во 84-тата минута. Тогаш Видал имаше жестока изјава која се однесуваше на судењето, а рече: „Кога Реал се уплаши, на сцена стапи судијата. Вакво крадење не смее да се случува во Лигата на шампионите“.

- Оглас -

Најнови вести