Ол-стар центарот Демаркус Казинс дебитираше со ефектно забивање за шампионот Голден стејт вориорс, во ноќ за историја во НБА лигата.
По цели 43 години комплетната стартна петорка на еден тим беше составена од Ол-стар кошаркари, а вообичаено покрај дебитантот Казинс, мечот против Лос Анџелес клиперс на гостински терен го почнаа и Стефон Кари, Клеј Томпсон, Кевин Дурант и Дрејмонд Грин.
Вакво нешто за последен пат во НБА лигата се случи во 1976 година. Казинс долго беше повреден, а се врати со ефектно забивање, кое предизвика еуфорична реакција на клупата на гостите.
DeMarcus Cousins gets on the board with the STRONG slam!#DubNation x #ClipperNation
WATCH ON @ESPNNBA pic.twitter.com/kAJstJK5H2
— NBA (@NBA) January 19, 2019
Популарниот Буги дебитантскиот меч за шампионот го заврши со 14 поени, шест скока и три асистенции, а Голден стејт вориорс рутински ги победи домаќините со 112:94.
Кари беше најефикасен со 28 поени, пред Дурант со 24, а и двоецот на Лос Анџелес клиперс Харис и Александер имаше идентичен учинок од 28, односно 24 поени.
Во сенка на кам-бекот на Казинс мина импресивната партија на уште еден Ол-стар кошаркар, Кајри Ирвинг. Бекот на Бостон си поигруваше со одбраната на Мемфис и постигна 38 поени со 11 асистенции и 7 скокови. Бостон славеше со 122:116.
За два поени во победата на Бруклин против Орландо меџик, Ирвинг го надмина Деанџело Расел. Бекот на Нетс постигна 40 поени во победата на Бруклин од 117:115.
Една асистенција му фалеше на Блејк Грифин за трипл-дабл во победата на Детриот против Мајами. Пистонс славеа со 98:93, а крилниот центар на Пистонс имаше учинок од 32 поени, 11 скока и 9 прецизни додавања.
Резултати: Бостон – Мемфис 122:116, Детроит – Мајами 98:93, Орландо – Бруклин 115:117, Минесота – Сан Антонио 113:116, Јута – Кливленд 115:99, Лос Анџелес клиперс – Голден стејт 94:112, Портланд – Њу Орлеанс 128:112.