Виери: Да имав 30 години, ќе играв за Бока заедно со Марадона

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на италијанскиот фудбал, Кристијан „Бобо“ Виери, изјави дека сон му било да настапи на „Бомбониера“ во Буенос Аирес, стадион на кој мечевите како домаќин ги игра Бока јуниорс.

Виери кој има 46 години, одамна не е активен фудбалер, а иако играше за клубови како Торинио, Аталанта, Јувентус, Атлетико Мадрид, Милан, Интер, вели дека неисполнета желба му е да играл за Бока.

„Ми се допаѓа стадионот на Бока, импресивен е. Секогаш сум го симпатизирал тој клуб. Ако сега имав 30 години, би отишол во Бока заедно со Марадона. Кога ќе разговарав со Чиро Ферара, секогаш го прашував да ми каже нешто во врска со Марадона, со кој играа во Наполи. Марадона постојано кажувал колку ги сака Бока и Ла Бомбониера. Стадионот се тресе од навивањето, се чини дека може да падне. Бока – Ривер е најзабавното дерби на светот, вистинско шоу“ – вели Виери.

И други италијански фудбалери искажуваат симпатии кон Бока, клуб кој е формиран од италијански доселеници во Аргентина, а сезонава честа да го носи дресот на Бока имаше Даниеле Де Роси, кој откако целата досегашна кариера ја мина во Рома, прејде во Буенос Аирес и го почувствува тоа што Виери го испушти во минатото.

 

- Оглас -

Најнови вести