Виери: Неиграњето на Италија на СП е полошо од чувството кога ќе ве откачи девојка

Фудбалската репрезентација на Италија мора да игра на Светското првенство следната година, смета легендата на италијанскиот и европскиот фудбал, Кристијан Виери.

Виери е убеден дека Аѕурите ќе успеат да се квалификуваат откако не успеаја да се пласираат на претходните два Мундијали во 2022 и 2018 година, што е катастрофа за земја која четирипати била светски првак.

„Не знам што се случи. Јас кога бев во репрезентацијата, тука беа Инѕаги, Дел Пјеро, Баџо, Монтела, Тоти, Казираги, Ѕола, Виjали, Раванели, Манчини, јас, имавме многу добри напаѓачи и полушпицови. Минатата недела разговарав со Пипо Инѕаги и ми рече дека 35 години ги имавме најдобрите офанзивци во светот, а сега имаме голем пад. Ги имаме Ретеги и Мојзе Кен, кои се многу добри. Ако играат заедно во пар, ќе бидат многу опасни. Со нив нема да имаме проблем во следните 10-15 години“, вели Виери.

Италијанците со убедлив пораз од Норвешка тргнаа во квалификациите, по што го сменија селекторот Лучано Спалети.

„Неодамна ѝ реков на жена ми: догодина ќе одиме на еден месец во Америка за да гледаме Светско првенство. Таа ме праша: да ја гледаме Италија или другите? Одговорив: Ќе ги гледаме Аѕурите. На СП кога ќе видам некој со жолт дрес, знам дека е од Бразил, кога ќе видам бел дрес, тоа е Германија. Син дрес е Италија. Ние мора секогаш да бидеме на Светско, секогаш, без разлика дали во моментот имаме добар или лош тим. Ние сме нација родена да освојува светски првенства. Срцето ми е скршено што ги пропуштивме претходните две. Неиграњето на Светско е полошо од чувството кога ќе ве откачи девојка“, вели Виери, кој на 49 меча за Италија даде 23 гола.

- Оглас -

Најнови вести