Италијанскате фудбалска легенда Кристијан Виери верува дека Златан Ибрахимовиќ, кој штотуку се излечи од корона-вирусот, психички е многу силен и дека ќе биде целосно подготвен за дерби-мечот на Милан против градскиот ривал Интер.
Шведскиот ветеран беше позитивен на ковид-19 пред мечот од третото квалификациско коло во Лигата на Европа, а за време на мечевите на репрезентациите во Лигата на нациите, Ибра објави дека го победил вирусот. Викендов се игра миланското дерби, а Виери верува дека 39-годишниот Златан ќе игра.
„Неговото искуство е огромно и надоместува секакви проблеми. Тој има техника, визија за играта, дава голови, асистира, на секакви начини го прави тимот подобар. Ни корона-вирусот не може да го попречи, ментално е многу цврст. Тој ќе го игра дербито и со цигара во устата, верувајте ми“, изјави Виери.