Викендов беше како создаден за „нули“

Викенд полн со изненадувања и неочекувани резултати на гигантите, но за кого-како. Редовен клиент на Sport Life од Скопје покажа дека може да се дојде до добивка и кога резултатите се турбулентни, а рецептот за тоа е многу едноставен.

Нареди четири „нули“, вложи 300 денари и доби си 43.846 денари. Поедноставно не може да биде. Обложувачот ги погоди ремијата без голови во дербијата меѓу Челзи и Тотенхем, односно Андерлехт и Стандард Лиеж, како и нерешените 1-1 на Мајнц и Хофенхајм.

Многу нервоза донесе дуелот меѓу Калјари и Специја, кој заврши со 2-2 по погодокот на Нзола од пенал во четвртата минута од судиското надополнување. Така гостите се спасија од пораз кој беше најавен со пресвртот на повидок во корист на Калјари.

ВО ЕДНОСТАВНОСТА Е УБАВИНАТА

Уште еден прилично едноставен добитен тикет со оглед на типуваните парови доаѓа од уплатното место „Гостивар 6“ во овој град. Со влог од 300 денари, добивката на петте погодени парови е сосема солидна во износ од 44.439 денари.

Викендов во Бундеслигата имаше неколку мечеви кои не добија победник, тука се погодени двете ремија на Аугсбург – Фрајбург (1-1) и Унион Берлин – Ајнтрахт Франкфурт (3-3).

Елче исто така одигра нерешено со Кадис, додека сигурниот триумф на Марсеј, односно минималната победа на Севилја на гости кај Уеска, го прават добитен топ-тикетот за изминатиов викенд.

БИТОЛЧАНЕЦ ЗАРАБОТИ ОД НЕСЕКОЈДНЕВНАТА БУГАРСКО-ЧИЛЕАНСКА ВРСКА

Ваков тикет ретко се гледа, а посебно е интересен доколку биде добитен. Само два пара на обложувачот од Битола му беа потребни да си ги наполни џебовите со 1.000 евра, односно 61.200 денари добивка, за што вложи само 200 денари.

Двете екипи да дадат барем по еден гол во двете полувремиња е стратегијата која проработи во оваа бугарско-чилеанска врска.Черно Море славеше со 3-2 против Славија Софија, резултатот по првите 45 минути беше 1-1.

Валдивија и Нубленсе од Чиле ремизираа при конечни 2-2, исто така 1-1 беше резултатот по првиот дел од средбата, а обложувачот може да биде горд на себе што погоди два одлични коефициенти, 17 и 18.

 

- Оглас -

Најнови вести