Викторија беше рутина за пласман на Интер во нокаут-фаза, Порто им ја распара мрежата на несовладаните Мињоле и Бриж

Интер ја победи Викторија П’лзењ со 4:0 и си обезбеди директен пласман во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Во уште еден меч што се играше од 18.45 часот, Порто му ја распара мрежата на Бриж, единствиот тим што во досегашните четири кола немаше примено гол и победи во Белгија со идентични 4:0.

Хенрих Мхитарјан погоди за Интер во 35-тата минута и стана играч што дал барем по еден погодок во четири тима во Лигата на шампионите.

Претходно беше стрелец за Шахтар, Борусија Дортмунд и за Манчестер јунајтед.

Потоа на сцена стапи Един Џеко со два гола, негови 53-ти и 54-ти во ЛШ, со што влезе во Топ-20 според бројот на погодоци во елитното натпреварување.

Точка на победата стави Ромелу Лукаку со погодок во финишот. Интер е втор во Ц групата со 10 бода од пет кола, зад Баерн со 12 од четири меча и е недосижен за Барса со четири бода и за Викторија П’лзењ без бодови.

Порто со идентични 4:0 го декласира Бриж, единствената екипа досега што немаше примено гол.

Првиот им го даде Мехди Тареми, а потоа во листата со стрелци се запишаа и Еванилсон, Еустакио и повторно Тареми.

Бриж е веќе во осминафиналето со 10 бода бидејќи има подобар меѓусебен скор од Атлетико Мадрид, кој не може да ги стигне, а има четири бода и два меча за одигрување.

Порто е втор со 9 бода и ако вечерва Атлетико Мадрид не го победи Баер Леверкузен, ќе му се приклучи на Бриж во осминафиналето во ЛШ.

 

 

- Оглас -

Најнови вести