Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, по петти пат сезонава повеќе од два пати ја вадеше топката од сопствената мрежа откако вечерва со 3:0 загуби од Виљареал во рамки на 33-тото коло во Ла Лига.
Димитриевски досега во Ла Лига повеќе од два гола прими во дуелите против Атлетико Мадрид (7:0), Атлетик Билбао (4:0) и против Жирона (3:0).
Димитриевски вечерва двапати беше совладан од Сорлот и еднаш од Москуера.
Со поразот, Рајо Ваљекано остана на 15-тата позиција на табелата со 34 бода, осум повеќе од Кадис кој е во опасната зона.
Виљареал пак ја оствари втората победа по ред и сега е деветти со 45 бода, три помалку од Бетис кој е седми и кој се наоѓа на позиција која води во квалификациите за Лигата на конференции.