Вилјареал даде фантастични голови и го победи Реал на „Сантијаго Бернабеу“ (Видео)

Вилјареал направи големо изненадување откако успеа да го победи Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 3:2 во меч од 28. коло во Примера дивисион. Кралскиот клуб имаше само еден пораз во домашното првенство на последните 42 меча дома, но вечерва Вилјареал покажа дека може да победи секого.

Почетокот на мечот не најавуваше ваков расплет, затоа што Реал поведе со автоголот на Торес. Херој на Вилјареал е нигерискиот напаѓач Самуел Чукуензе кој во 39 минута израмни на 1:1, што беше резултат од првото полувреме.

Реал повторно добро го почна и второто полувреме и поведе со 2:1 благодарение на голот на Винисиус Јуниор во 48 минута. Сепак, гостите не се предадоа и до крајот на мечот направија целосен пресврт.

Најпрво Моралес израмни на 2:2 во 70 минута, а потоа следуваше ремек делото на Чукуензе кој погоди за 3:2 за гостите во 80 минута. Жолтата подморница сега има 47 бодови и е на петото место на табелата, со шанси да се бори за позиција која води во Лигата на шампиони. Реал Мадрид остана на 59 бодови што е 12 бодови помалку од лидерот Барселона, која утре дома игра против Џирона.

- Оглас -

Најнови вести