Новак Ѓоковиќ денеска тренираше со Јаник Синер на централниот терен на Вимблдон и уште нема лично потврдено дали ќе игра на лондонскиот грен-слем, но работите се движат во правец дека српскиот тенисер ќе се појави и ќе проба да ја освои титулата.
Ждрепката за првото коло е утре во 11 часот, а Вимблдон веќе објави дека Ѓоковиќ ќе биде втор носител, што треба да значи дека го планираат неговото учество.
Ѓоковиќ пред три недели имаше операција на менискус во коленото и најавите и прогнозите беа дека не може да биде на 100 проценти до стартот на Вимблдон на 1 јули. Самиот Новак рече дека ќе игра на Вимблдон само ако чувствува дека може да го освои.