Вимблдон ќе се игра и тоа со публика

Организаторите на грен слем турнирот во Лондон, популарниот Вимблдон, потврдија дека ќе се игра и тоа многу веројатно дека ќе биде со присуство на публика. Турнирот кој го има приматот на неофицијално светско првенство во тенис, оваа година ќе се игра од 28 јуни до 11 јули, а организаторите соопштија дека најважно ќе им биде здравјето на натпреварувачите.

Сите тенисери и членови на тимовите ќе бидат сместени во официјални хотели од организаторот. Тоа ќе биде и еден од главните услови за настап. Влезниците за мечевите ќе се купуваат преку интернет, за да нема метежи редици при традиционалното купување на билетарите.

Минатата година Вимблдон не се одигра поради пандемијата со Коронавирусот, а тоа беше за прв пат да не се игра овој турнир по завршување на Втората светска војна.

 

- Оглас -

Најнови вести