Винисиус го откри името на неговиот следен клуб: “Му ветив на мојот татко …“

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус, веднаш после дуелот против Осасуна изјави дека сака до крајот на својот живот да остане во главниот град на Шпанија. Сепак, бразилецот ретерираше од својот став и сега најавува дека мора да игра за еден клуб за да го исполни даденото ветување.

– “Мислам дека можам да останам во Реал цела кариера, но клубот на мојот живот е Фламенго. Му ветив на мојот татко дека еден ден ќе се вратам таму. Морам да го одржам тоа ветување.“ – рече Винисиус.

Реал Мадрид направи одлична работа кога го ангажира Винисиус во 2018-тата од Фламенго за 45 милиони евра. Тој во дресот на “кралевите“ има одиграно 232 натпревари, иако има само 21 година. Има постигнато 62 гола и поделено 65 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести