Винисиус го прекина молкот по фијаското во Лондон: „Секогаш до крај, хала Мадрид!“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус jуниор, за првпат јавно проговори по вчерашниот тежок пораз (0-3) против Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Бразилскиот репрезентативец го искористи својот профил на „Инстаграм“ за да им се обрати на навивачите на актуелниот европски првак.


„Нема оправдување. Лош натпревар. Време е да се подобриме и да се бориме на „Бернабеу“. На тој терен отсекогаш се случувале неверојатни работи и можеме повторно да го направиме тоа. Секогаш, до крај, секогаш! Хала Мадрид!“, напиша Винисиус покрај фотографијата од синоќешниот натпревар.

Од него се очекуваше да биде една од клучните фигури на Реал Мадрид во дуелот со Арсенал, но 24-годишниот крилен напаѓач беше меѓу најслабите на теренот во Лондон.

Не упати ниту еден удар кон голот, немаше ниту еден успешен дриблинг или центаршут и ја загуби топката дури 18 пати.

- Оглас -

Најнови вести