Винисиус: Голчиште, на Копакабана цело време давам вакви голови со рамо!

Дали Винисиус даде гол со рака или рамо на вчерашниот меч Реал Мадрид – Алмерија е главна тема околу која фановите во Шпанија се поделени, а Бразилецот преку социјалните мрежи даде свое мислење.

Винисиус уште веднаш по голот покажуваше дека топката ја удрил со рамо и дека голот е регуларен, а потврда доби по прегледување на снимката. Сепак, многумина тврдат дека голот не е чист и дека топката го удри во рака.

„Голчиште!!! Ова го правам цело време на плажа на Копакабана“, порача Вини и додаде снимка од голот.

- Оглас -

Најнови вести