За Реал Мадрид сезонава ниту еден гол не дале резервисти!

Навивачите на Реал Мадрид со нетрпение го очекуваат првиот натпревар на тимот во новата 2024 година, најмногу поради враќањето на Винисиус во составот и најавеното деби на турскиот талент Арда Ѓулер кој половина година мачеше мака со повреди.

Вини е стартер, додека Арда вечерва на дуелот со Мајорка ќе биде на клупата за резерви, но може да влезе на терен и ќе биде многу мотивиран да ја задоволи публиката со своите потези, можеби и гол. Доколку Турчинот или друг резервист даде гол, тоа би прекинало една црна серија на Кралскиот клуб сезонава.

Имено, за Реал сезонава сите голови ги дадоа играчи кои беа стартери на тој меч, ниту еден погодок нема дадено играч кој влегол на терен од клупата за резерви.

Иако Реал е најефикасен тим во Ла Лига според бројот на погодоци во вторите полувремиња, резервистите немаат никаков придонес во таа бројка. Особено фалат голови на Хоселу кој е единствената класична „деветка“ во составот на Карло Анчелоти.

Можеби новата година ќе донесе и новина во Реал.

- Оглас -

Најнови вести