Откако ја доби наградата „The Best“ во изборот на ФИФА, Винисиус јуниор стана најскапоплатен фудбалер во Реал Мадрид. Шпанскиот весник Ас објави дека последниот договор што Винисиус го потпиша со Реал во 2022 година, предвидувал зголемување на платата во случај на освојување на Златна топка или „The Best“ наградата.
Винисиус сега има годишна плата од 15 милиони евра во Реал Мадрид, но во следните две сезони платата ќе му биде зголемена на 20 милиони евра по сезона. Со оваа сума, Бразилецот ќе го надмине Килијан Мбапе кој моментално е најскапоплатен фудбалер во Реал Мадрид.
́ !
Après avoir remporté The Best, Vinicius voit son salaire monter à 20 M€ / an pour les deux dernières années de son contrat.
Le salaire du… pic.twitter.com/dlGvw9yUOz
— Actu Foot (@ActuFoot_) December 30, 2024
Винисиус оваа сезона одигра 20 меча во дресот на Реал Мадрид во кои има постигнато 13 голови и девет асистенции.