Винисиус ја дочека одмаздата кон публиката на „Етихад“

Винисиус не пропушти прилика головите кои ги постигна на „Етихад“ да ги прослави провокативно, реванширајќи им се на фановите на Манчестер сити за ланската кореографија со која го исмејуваа Бразилецот што не ја доби „Златната топка“.

Минатата сезона беше истакнато знаме со порака:„Престани да плачеш од срце“, и фотографија од Родри како ја бакнува  „Златната топка“. Оваа порака беше насочена директно кон Винисиус кој одби да присуствува на гала-свеченоста во Париз откако дозна дека не е победник.

Вини не заборави и вечерва откако даде гол од пенал, се сврте кон трибините симулирајќи плачење.

- Оглас -

Најнови вести