Реал Мадрид во суперинтересен меч ја победи Валенсија со пресврт на гостински терен, со голови во 85-тата и 98-мата минута, но во 80-тата минута црвен картон заработи Винисиус.
Бразилецот го удри по глава нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, па сосема заслужено му беше покажан патот кон соблекувалната. Винисиус за ваквата постапка и за црвениот картон, кој најверојатно ќе ги чини отуство од неколку натпревари, јавно им се извини на соиграчите, откако на социјалните мрежи напиша: „Простете ми и ви благодарам екипо“.
Perdon y gracias equipo!!!!!! ✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾✌🏾
— Vini Jr. (@vinijr) January 3, 2025