Винисиус јуниор, напаѓачот на Реал Мадрид, повторно предизвика скандал откако физички го нападна македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и доби црвен картон на мечот на „Местаља“.
Винисиус уште еднаш покажа дека не може да се контролира и го удри Димитриевски по главата, додека топката беше далеку во полето.
تابع الحساب الاساسي @SIRDlV
— ريــ'ـال مدريـ'ـدxفالـنـ'سـيـا (@Fxngzw5196X) January 3, 2025
تابع الحساب الاساسي @SIRDlV#ValenciaRealMadrid pic.twitter.com/Za3Bmn34wA
Натпреварот кој веќе беше преполн со емоции, по оваа ситуација доби уште поголема драматичност, бидејќи Винисиус продолжи со агресивно однесување и обид да се пресмета со судијата. За среќа, неговиот соиграч, Антонио Рудигер, успеа да го спречи понатамошното ескалирање на ситуацијата.
Како што се наведува во правилниците на Шпанската фудбалска федерација, ваквото агресивно однесување може да резултира со суспензија од четири до дванаесет натпревари, а во зависност од дисциплинските мерки, Винисиус би можел да ја пропушти голем број натпревари.
Доколку му биде изречена најстрогата казна, Реал Мадрид ќе се најде во тешка ситуација, со оглед на тоа што Винисиус е клучен играч за тимот, а неговата отсутност би ја намалила офанзивната моќ на Кралевите.
Овој инцидент не само што ќе има последици по натпреварите на Реал Мадрид, туку и по репутацијата на Винисиус јуниор, кој веќе подолго време е критикуван за своето однесување на теренот. Играчот, иако е еден од најталентираните напаѓачи на светот, често се наоѓа во центарот на контроверзни ситуации, што доведува до нови прашања за неговото владеење со емоциите и дисциплината.