Винисиус: Ќе му помогнам на Мбапе како што тоа го направив со Белингам

Реал Мадрид ја заврши турнејата низ САД каде Кралскиот клуб одигра три контролни меча. По поразите од Милан (0:1) и Барселона (1:2), Реал го победи Челзи со 2:1. Со овој дуел завршија подготвителните натпревари и сега мадриѓани го чекаат стартот на новата сезона и тоа со дуел против италијанска Аталанта во Суперкупот на Европа.

И во новата сезона, еден од главните играчи во тимот на Реал ќе биде Винисиус Јуниор. Бразилецот е оптимист дека и во новата сезона ќе пристигнат нови трофеи во витрините на „Сантијаго Бернабеу“.

„Се знае кои се нашите цели. Сакам да освоиме уште повеќе трофеи од тоа што го освоивме минатата сезона. Сакам да дадам уште повеќе голови, да продолжам да се развивам, бидејќи имам само 24 години“, вели Винисиус.

Токму мечот против Аталанта ќе биде шанса за нов трофеј на Реал Мадрид, бидејќи победникот го добива пехарот наменет за освојувачот на Суперкупот на Европа. Токму против Аталанта се очекува да дебитира и новото големо засилување на Реал, Килијан Мбапе.

„Ќе биде одлично да играм заедно со Килијан Мбапе. Се надевам дека заедно ќе постигнеме големи успеси. Треба да му помогнам да има подобра адаптација. Не е лесно да се дојде во нов клуб, но видовте како Џуд Белингам брзо се вклопи во составот. Сакам истото да го направиме и со Мбапе“, додава Винисиус јуниор.

Според најавите, иако Мбапе дојде во Реал, се очекува Винисис ќе остане да биде прва опција за изведување на пеналите.

- Оглас -

Најнови вести