Винисиус плачеше на пресот, а на теренот уште еднаш покажа каков провокатор е (Видео)

Кога е на теренот, Винисиус јуниор секогаш сака да е во центарот на вниманието. Некогаш тоа е благодарение на неговата одлична игра, но сè почесто се случува за Бразилецот да се зборува поради неспортски потези, односно провокациите на кои тој е главен режисер.

На синоќешниот пријателски меч против Шпанија, Винисиус ја доби честа да биде капитен на Бразил, и тоа откако пред средбата, на прес-конференцијата, Бразилецот заплака, а пораката му беше дека „само сака да игра фудбал“, а не и да биде цел на навреди на расна основа и непријателски однос од противничките навивачи.

Сепак, не првпат Винисиус покажа дека тој и не е толку мирен фудбалер кој само го напаѓаат, туку и дека често токму тој е оној кој ја започнува тензијата на теренот. Синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ Винисиус во еден момент дојде до Лапорт и со лакт го удри во грбот, и тоа без никаква причина, а потоа се случи мешаница.

Подоцна Лапорт го постираше видеото на социјалните мрежи и го исмеа Винисиус со пораката „можеби сакаше да танцува?“.

https://twitter.com/i/status/1772742303066558725

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести