Винисиус си купи клуб во Португалија

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Јуниор, се соочува со нов предизвик во животот откако реши да инвестира во фудбалски клуб. Весникот „Рекорд“ пренесува дека Бразилецот е дел од конзорциумот кој неодамна стана мнозински сопственик на португалскиот второлигаш Алверка.

Винисиус, заедно со шпански и бразилски инвеститори, купија меѓу 70 и 80% од акциите на скромниот тим од Лисабон. Финансиските детали од договорот засега не се познати.

ФК Алверка може да се нарече дека е „бразилски клуб“ бидејќи во својот ростер има дури 13-мина Бразилци. За споредба, португалски фудбалери се само седуммина. Тимот бележи значителен раст бидејќи минатата сезона играше во третата лига, а моментално е на второто место во втората лига и цели кон промоција во португалската елита.

Историски гледано, ФК Алверка има познати играчи од минатото, како Деко, Маниш и Рикардо Карваљо.

Винисиус е вториот играч на Реал Мадрид кој станува сопственик на еден клуб. Претходно тоа го направи Килијан Мбапе. Французинот плати 20 милиони евра за 80% од акциите на Каен, тим кој игра во втората лига во Франција.

- Оглас -

Најнови вести