Винисиус со Анчелоти на 4 меча даде еднаков број голови како на 46 меча под водство на Зидан

Винисиус жуниор игра како прероден по смената на тренерот во Реал Мадрид, а и бројките го кажуваат тоа. Вини има четири гола во првите четири кола во шпанското првенство и заедно со Карим Бензема постигнаа 9 од 13-те погодоци, со кои Реал со Баерн и Борусија Дортмунд се најефикасни екипи во топ 5 лигите сезонава според просекот на голови.

Винисиус беше опасен и во минатите сезони, со неговите брзи продори и дриблинзи често воодушевуваше, но проблем му беше завршницата, промашуваше многу 100 отстотни шанси. Со Зинедин Зидан на клупата, Винисиус во шпанската лига даде четири гола на последните 46 меча со Зизу како тренер. По доаѓањето на Анчелоти, Винисиус рутински дава голови од ситуации од кои не реализираше во времето на Зидан.

Синоќа против Селта, Винисиус даде гол за пресврт и водство на Кралскиот клуб од 3-2, а изнуди и пенал, по кој Бензема ги постави конечните 5-2. Винисиус откако го даде голот, отиде на трибина и прославуваше со навивачите кои не носеа маски, но нема да биде казнет за пропустот.

Фановите по мечот изјавуваа дека ако крилото Винисиус игра вака во континуитет, не им треба Килијан Мбапе, кој игра на истата позиција со Винисиус и е опсесија на претседателот Флорентино Перес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести