Винисиус во следната сезона ја добива „7-ката“ во Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе му понуди на Винисиус жуниор во следната сезона да го носи дресот со бројот 7, најавуваат некои шпански медиуми.

Бројот 7 има посебна тежина во Кралскиот клуб, бидејќи таа бројка ја носеа славните Кристијано Роналдо, Раул Гонзалез, Емилио Бутрагењо, фудбалери кои оставија длабок печат во клубот. Сезонава 7-ката ја има Еден Азар, но тој не ги оправда очекувањата, ретко влегува во игра, и би требало да си замине летово, па бројот 7 ќе биде слободен.

Бразилецот е ѕвезда во подем и Кралскиот клуб сака да го искористи тоа за поголема продажба на дресови, и Вини веќе нема да го носи бројот 20 како досега. Опција е и 10-ката, доколку Лука Модриќ си замине, но тоа не е многу веројатно, далеку поголеми се шансите Реал да се раздели со непотребниот Азар и Винисиус да го добие бројот 7.

- Оглас -

Најнови вести