Винисиус во три чина на „Местаља“: Прво беше расистички навреден, потоа нокаутира противник и на крај ја провоцираше целата публика (Видео)

Реал Мадрид загуби на гости кај Валенсија, во меч кој имаше многу поголемо значење за домаќините. Мечот траеше дури 107 минути, а сето тоа беше поради прекините кои се случија во второто полувреме.

Во сите ситуации кога имаше прекини, во главна улога беше Винисиус Јуниор. Бразилецот прво беше лут поради расистичките навреди што ги добиваше од домашната публика. Винисиус е познат како играч кој сака да ги провоцира противниците, но никако одговор за тоа не смее да бидат расистички навреди.

 

Вториот чин беше кога Винисиус направи мешаница во која учествуваа повеќе фудбалери на двата тима, но Бразилецот само настрада, и тоа оправдано. Видеоснимката потврди дека Винисиус со лакт удрил еден противнички играч и затоа беше исклучен.

Додека излегуваше од теренот, Винисиус покажуваше дека очекува Валенсија да испадне во втора лига, што дополнително ја вжешти атмосферата на теренот, но и на трибините. На крајот останува да се види колкава казна ќе добие Бразилецот на Реал Мадрид по целото шоу што го приреди на „Местаља“.

 

- Оглас -

Најнови вести