Ливерпул победи со 3-1 на пријателскиот натпревар кој англискиот првак го одигра во Јапонија против тимот на Јокохама, дуел кој ќе остане запаметен по првиот гол на Флоријан Вирц во дресот на Црвените.
Екитике за првпат настапи за Ливерпул и ги одигра првите 45 минути, кои завршија без голови. Возбудувањата започнаа во второто полувреме, кога Јокохама неочекувано прва дојде до водство, по што избраниците на Арне Слот се разбудија и влегоа во посакуваниот ритам.
Вирц го постигна израмнувачкиот гол, негов прв погодок по мегатрансферот од Баер Леверкузен. За 2-1 погоди младиот Треј Ниони, а конечните 3-1 ги постави 16-годишниот Рио Нгумоха, кој својата серија на одлични игри во подготвителниот период ја круниса со прекрасен погодок.