Кошаркарите на Виртус Болоња го изненадија Партизан во „Штарк арена“ во Белград и славеа со 69-70 остварувајќи ја првата победа во Евролигата оваа сезона. Иако тимот на Лука Банки беше во подредена улога во поголем тек од мечот, сепак, успеа во финишот да ја искористи својата шанса и со поените на Вил Клајбурн на пет секунди пред крајот стигнаа до решавачка предност.
Партизан имаше можност да го сврти натпреварот во своја корист, но Лундберг не беше на ниво на задачата.
Составот на Жељко Обрадовиќ во последниот период постигна само осум поени и поради тоа го загуби натпреварот. Партизан на полувремето имаше предност од пет поени (37-32), а со четири поени позитива влезе во последните десет минути.
Вил Клајбурн со 27 поени беше најдобар поентер кај Виртус Болоња и воопшто на мечот, а Тајрик Џонс постигна 20 поени за Партизан.