Петмина репрезентативци на Холандија ги напуштија подготовките откако покажаа симптоми на вирусни заболувања и нема да играат против Франција. Станува збор за Коди Гакпо, Де Лихт, Ботман, Вербоген и Верман.
Селекторот Куман за натпреварот против Франција нема да смета ниту на Френки де Јонг од Барселона и Стивен Бергвејн од Ајакс, кои се повредени.
Холандија утре со почеток во 20:45 часот игра против Франција на гости, во дербито на вечерта. Франција е голем фаворит со квота од 1,85 во понудата на Sport Life, додека квотата за победа на Холандија е дури 4,30.
Од холандската репрезентација најавија дека составот ќе биде ревидиран за натпреварот против Гибралтар во понеделник.