Висар Муслиу има скршеница на стапалото и не е во комбинација за настап против Ерменците

Дефанзивецот Висар Муслиу не е во комбинација за настап на вечерашниот натпревар против Ерменија. Тој заработи повреда на стапалото на дуелот против Летонците, но никој и не помислуваше дека се работи за посериозен случај.

За жал, предмалку дојде веста дека Висар Муслиу има скршеница на мала коска во стапалото и дека едноставно не е во можност да биде дел од составот. На Муслиу веројатно ќе му следи принудна пауза од неколку седмици, пред повторно да биде вклучен во тренажен и во натпреварувачки ритам.

- Оглас -

Најнови вести