2.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Вистински херој на трибините – Доктор за три месеци спасил два животи на навивачи!

Англискиот доктор Том Причард е вистински херој во англискиот фудбал оваа сезона. Тоа е човекот кој само за три месеци успеа да спаси два човечки животи на навивачи на трибините. Во двата случаи се работи за срцев удар, а Причард се наоѓал на вистинското место во вистинското време и постапил како што треба.

Првпат за Причард слушнавме во октомври минатата година, кога тој бил присутен како гледач на дуелот Њукасл – Тотенхем. Во еден момент, на еден навивач на трибините му се слошило, а Причард заедно со уште еден негов колега, доктор Андерсон, успеале навреме да му дадат прва помош на човекот кој бил спасен.

По таа интервенција, двајцата доктори со аплаузи беа наградени од целата публија на „Сент Џејмс парк“.  

По вторпат Причард успеа да спаси живот на навивач за време на дуелот од чемпионшип Блекбурн и Мидлсборо. Овојпат Причард бил во улога на доктор на тимот на Мидлсборо кога на трибините на стадионот еден навивач доживеал срцев удар.

Причард за едно со докторот на Блекбурн, неговиот колега Крис Мосли, веднаш реагирале, а човекот првично не давал знаци на живот. Сепак, со успешна реанимација, навивачот бил вратен во живот и пренесен во болница.

- Оглас -

Најнови вести