Вистинскиот спектакл во НБА допрва почнува, познати се сите двојки за плеј-оф и плеј-ин

Последните натпревари од регуларната сезона на НБА-лигата се одиграа синоќа, со што станаа познати сите учесници во плејофот и плејинот на најсилната кошаркарска лига во светот.

Поточно, по натпреварите од плејинот ќе бидат познати сите двојки за плејофот бидејќи најдобрите екипи од регуларниот дел сè уште го чекаат својот прв противник во доигрувањето.

За место во доигрувањето преку плејин на Запад ќе се борат Сакраменто кингс и Далас маверикс, односно Голден стејт вориорс и Мемфис гризлис, додека на Истокот ќе се соочат Чикаго булс и Мајами хит, како и Атланта хокс и Орландо меџик.

Во продолжение погледнете ја целосната слика на НБА-плејофот:

Плејин

Исток

A) Орландо (7) – Атланта (8)
Б) Чикаго (9) – Мајами (10)

Запад

A) Голден стејт (7) – Мемфис (8)
Б) Сакраменто (9) – Далас (10)

Четвртфинале на плејофот:

Исток

A) Кливленд (1) – поразен од дуелот A / победник од дуелот Б
Б) Бостон – победник од дуелот A
Ц) Њујорк (3) – Детроит (6)
Д) Индијана (4) – Милвоки (5)

Запад

A) Оклахома (1) – поразен од дуелот A / победник од дуелот Б
Б) Хјустон (2) – победник од дуелот A
Ц) ЛА лејкерс (3) – Минесота (6)
Д) Денвер (4) – ЛА клиперс (5)

Форматот на натпреварувањето е таков што во првото коло играат седмиот против осмиот, каде што седмиот е домаќин и деветтиот против десеттиот, каде што деветтиот е домаќин.

Победникот од мечот меѓу седмиот и осмиот е директен учесник во плејофот и ќе игра против второпласираниот тим по регуларната сезона, но без предност на домашен терен.

Поразениот во дуелот помеѓу седмиот и осмиот добива нова шанса на домашен терен против победникот од дуелот деветти – десетти. Со други зборови, за да стигне до осмата позиција во плејофот, деветтиот или десеттиот мора да забележи две победи, додека седмиот и осмиот можат да си дозволат и еден пораз бидејќи имаат и втора шанса, која ја заслужиле со подобар пласман во регуларниот дел од сезоната.

Титулата шампион на НБА ја брани екипата на Бостон селтикс, која во минатогодишното финале го разби Далас и го освои шампионскиот прстен.

Првите натпревари од плејинот ќе се одиграат на 17 април.

- Оглас -

Најнови вести