Вистинските навивачи на Келн им оддржаа лекција на хулиганите кои направија голем неред во Ница (Видео)

Вчерашните дуели од Конференциската лига на УЕФА донесоа многу интересни мечеви, а еден ќе се памти по дивеењето на навивачите. Ница беше домаќин на Келн, а дури 8.000 гостински навивачи допатуваа во Франција да ги бодрат своите миленици.

Меѓу тие 8.000 навивачи, имаше и една поголема група на хулигани, кои пред почетокот на дуелот предизвикаа големи нереди и тепачки на трибините. Се тепаа со фановите на Ница, а еден гостински хулиган дури падна од трибината и тешко се повреди, па лекарите сега се борат за неговиот живот.

Дека сите навивачи на Келн кои пристигнаа во Ница не се хулигани покажува и снимката која се појави и тоа од гостинската трибина. Најголем дел од симпатизерите на Келн почнаа да скандираат „Ние сме Келн, вие не сте“, покажувајќи дека не го одобруваат дивеењето на трибината.

Во еден момент на снимката се гледа како хулиганите тргнуваат да се пресметаат и со оние вистински навивачи на Келн кои во Ница пристигнале да гледаат фудбал и да го бодрат омилениот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести