Витсел ги скроти „црвените бикови“

Борусија Дортмунд продолжи со победничката форма и во 2019 година, откако со минимални 1-0 славеа на гостувањето кај Лапциг. Дербито од 18. коло во Бундеслигата припадна на „милионерите“, а фудбалерите на Лусиен Фавр остварија двојна победа против „црвените бикови“ оваа сезона, откако на стартот од германскиот шампионат ги победија со 4-1.

Средбата на „Ред бул арена“ ја реши Аксел Витсел во 19-тата минута, што беше доволно за нови три бода на „милионерите“.

Со овој триумф Дортмунд  сега има вкупно 45 бода, односно +6 во однос на второпласираниот и актуелен првак Баерн Минхен.

https://www.youtube.com/watch?v=V5YGYu51ZPc

 

 

- Оглас -

Најнови вести